Полицијата и финансиските инспектори влегле во домот на Мухамед Зекири

Сподели со своите пријатели

Антикорупциска, Финансиска полиција и Организиран Криминал при МВР неколку дена го чешлале имотот на Мухамед Зекири, поранешен новинар кој во предизборната кампања стана член на Централниот и Извршниот одбор на СДСМ кој стана и пратеник од истата коалиција.

Тој на социјалните мрежи напиша дека вчера државните инспектори и полициски службеници влегле и во неговиот дом.

„Сакам да им порачам дека може да истражуваат и чешлаат колку што душа им сака, ниту ќе ме уплашат ниту ќе ме обезхрабрат, напротив само дополнително ми давате сила и мотивирате да продолжам да се борам против вистинските криминалци. Вистината ќе победи, правда ќе има. Да бевте на висина на задачата и истражувавте и се боревте против криминалот последниве неколку години и државата ќе цветаше. Криминал можете да пронајдете само кај вистинските криминалци, кај вашите наредбодавачи кај Груевски и Мијалков и нивните соработници“, напиша Зекири на својот Фејсбук профил.