Полиција заплени марихуана вредна милион евра (видео)

Сподели со своите пријатели

Бирото за јавна безбедност реализираше и случај на недозволена трговија со марихуана со потекло од Р.Албанија која преку Република Македонија  требало да биде транспортирана до Р.Турција, со што е пресечен меѓународен канал. Запленетата марихуана во вкупна тежина од 108 кг 522 грама  доколку стигнела на нарко пазарот при понатамошна продажба би достигнала цена од околу 1.000.000 евра.

На 8ми месецов по претходно спроведена истрага од слобода  се лишени 4 лица (двајца македонски државјани, еден косовски и еден албански државјанин)   против кои е поднесена кривична пријава поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело ,,неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанци и прекурсори’’, а додека пак против првопријавениот и кривична пријава поради постоење основи на сомнение дека сторил и кривично дело „недозволено изработување, држење и тргување со оружје или распрскувачки материи“. Од страна на судија на претходна постапка на сите пријавени одредена им е мерка притвор во траење од 30 дена.

По спроведената истрага постојат сомненија дека првопријавениот 45 годишен македонски државјанин заедно со косовскиот и албанскиот државјанин ја набавиле марихуаната од Р.Албанија и истата преку Косово на почетокот на месецов ја внеле на територија на Р.Македонија, преку зелената граница во околината на Тетово, за потоа дрогата да биде префрлена во Скопје поточно во домот на првопријавениот.

По претходно изготвен план извршени се претреси во неколку патнички моторни возила како и во домот на првопријавениот, при што во едно од возилата пронајдени се 11 патни торби со 210 паковки во кои била наркотичната дрога, а додека пак во домот на првопријавениот пронајдени се рамка со 19 куршуми за автоматска пушка, куршуми за пиштол, црни патни торби исти како и торбите во кои била сместена и марихуаната. Исто така при преглед на возило управувано од првопријавениот пронајдени се 6 телефонски апарати, држачи за СИМ картички, 20 евра како и други предмети.

Освен овие два случаи на недозволена трговија со дрога и тероризам Бирото за јавна безбедност во текот на октомври и почетокот на овој месец реализираше голем број на случаи од различни области при што кривично се пријавени 55 лица поради постоење основи на сомнение дека сториле повеќе кривични дела.

Најголем број од реализациите повторно се од областа на недозволената трговија со дрога при што заедно со последниот случај од страна на полициски службеници запленети се околу 225 килограми марихуана и во помали количества масло од хашиш и семки од марихуана. При реализацијата на овие 10 случаи кривично пријавени се 17 лица.

Исто така во текот на месец октомври беа реализирани и два случаи од областа на економскиот криминал при што беа поднесени кривични пријави против 11 лица поради постоење основи на сомнение дека сториле кривични дела злоупотреба на службена положба и овластување.

Од областа на организираниот криминал освен последниот случај на тероризам беа реализирани и уште два случаи при што во првиот беше разбиена криминална група која имала за цел вршење на екслоатација по пат на проституција на женски лица – жртви на трговија со луѓе, а во вториот случај беше разбиена исто така криминална група чии членови со помош на лажни платежни картички прибавиле протиправна имотна корист од скоро 1 милион и 300 илјади денари.

Од областа на компјутерскиот криминал реализирани се 3 случаи на компјутерски криминал, при што се поднесени 9 кривични пријави, од кои 8 за физички лица и 1 за правно лице.

Од областа на класичниот криминал во текот на месец октомври по преземени мерки и активности реализирани и документирани се 4 покарактеристични случаи од кои еден случај за сторено кривично дело “убиство” во Крушево, два случаи за сторени кривични дела „разбојништва“ во Тетово и Гостивар и еден случај за сторени повеќе кривични дела “тешка кражба” при што кривично се пријавени две лица