Поголемиот дел од Американците мислат дека Трамп работи против нив

Сподели со своите пријатели

Скоро 41 процент од Американците се противат на претседателот Доналд Трамп, што е за шест отсто повеќе од минатата година, покажува најновото истражување на CBS.

Се бележи пад во бројот на следбениците на Трамп, т.е. оние кои го подржуваат се 18 отсто, ов однос на 22 отсто колку имал минатата година во исто време. Скоро 43 отсто од граѓаните се сложни дека состојбата во земјата е значително полоша откако Трамп дојде на власт, додека 44 отсто се срамат што Трамп им е претседател. Дури 67 отсто од Американците чувствуваат дека Трамп работи против нив.

Додека мнозинството во анкетата е загрижена за правецот во кој се движи земјата, расните прашања исто така се многу алармантни. Скоро 60 отсто од испитаниците веруваат дека расните поделби значително се поголеми и видливи откако Трамп е во Белата куќа.

Трамп, според оваа истражување се соочува со најмалата поддршка во однос на било кој претседател во модерната историја на САД.