Поглед во луксузен нуклеарен бункер од 17,5 милиони долари (фото)

Сподели со своите пријатели

Во време кога светот е во нестабилна безбедносна состојба и заострени односи меѓу најголемите светски воени сили, засолниште од нуклеарна експлозија воопшто не звучи лошо.

Особено ако станува збор за луксузно нуклеарно засолниште вредно 17,5 милиони долари и може да издржи нуклеарна експлозија од 20 килотони.

Таков е овој бункер во Савана, Џорџија, што се наоѓа на длабочина од 14 метри под земја и се простира на површина од  1.300 метри квадратни простор за живеење, со ѕидови дебели по речиси еден метар.

Внатре има болничка соба, тушеви за деконтаминација, видеосистем за набљудување вреден 100.000 долари, како и кујна, трпезарија, две спални соби, дневна соба и бања.

Бункерот оригинално бил изграден во 1969 година како воена база, но бил реновиран во 2012 година.