Поевтинуваат цените на дизелот

Сподели со своите пријатели

Од ноќеска на полноќ палопродажните цени на дизел горивата ќе се продаваат за половина до еден денар поевтини, додека цените на бензините остануваат непроменети, ваква одлука денеска донесе Регулаторната комисија за енергетика.

Станува збор за 1,32%, однсно 0,09% пониски цели, па така малопродажната цена на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) се намалува за половина денар по литар и ќе чини 52,5 денари, додека цената на Екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1) поевтинува за денар по литар и ќе изнесува 41 денар.

Малопродажните цени на ЕУРОСУПЕР БС-95 и на ЕУРОСУПЕР БС-98 не се менуваат, односно остануваат 66,5 и 68,5 денари за литар, додека за 0,347 денари по килограм се намалува и малопродажната цена на мазутот М-1 НС и ќе изнесува 27,498 денари за килограм.

Како причина за намалување на малопродажните цени на нафтените деривати од РКЕ ја посочуваат за 1,36 отсто пониската просечна цена на суровата нафта на светскиот пазар во изминатите 14 дена.