Подгответе се за ветер од 90 километри на час и значително ниски утрински температури

Сподели со своите пријатели

Денеска времето ќе биде променливо облачно и постудено со сончеви периоди и со локални слаби врнежи од дожд, а на планините ќе провејува слаб снег, особено претпладнево. Ќе дува засилен ветер од западен и северозападен правец, а најсилен се очекува да биде во југозападните и јужните делови од земјава (на моменти со брзина и над 90 км/час). Дневната температура ќе достигне од 8 до 16 степени, стои во соопштението од Управата за хидрометеоролошки работи.

Утре ќе биде суво, студено и ветровито, а ветерот ќе биде северозападен и особено изразен вдолж Повардарието и источните делови. Дневната температура дополнително ќе се намали и ќе достигне од 6 до 13 степени.

Утре значително ќе опадне и утринската температура, а особено за време на викендот кога ќе дојде до разведрување и намалување на брзината ветерот, па минималната температура на повеќе места ќе биде околу или под нулата. Дневната температура од сабота ќе биде во постепен пораст.