Почнува Минхенската безбедносна конференција

Сподели со своите пријатели

Во германскиот град Минхен денеска почнува влијателната Минхенска безбедносна конференција, на која присуствуваат десетици светски лидери, високи функционери од областа на одбраната и дипломати.

Американскиот министер за одбрана Џим Матис ја предводи американската делегација, а меѓу останатите учесници се и британската премиерка Тереза Меј, израелскиот премиер Бенјамин нетанјаху, ирачкиот премиер Хајдер ал Абади, украинскиот претседател Петро Порошенко, шефовите на дипломатии на Русија, Иран и Турција Сергеј Лавров, Мохамад Џавад Зариф и Мевљут Чавушоглу и многу други.

Loading...

Македонија на собирот ќе ја претставуваат министерот за надворешни работи Никола Димитров и министерката за одбрана Радмила Шекеринска.

Конференцијата, која трае денеска и утре обезбедува неформален амбиент, каде дипломатијата често се води на маргините. /МИА

Leave a Reply