Почна втората фаза од проектот за регулација на речното корито на Липковка

Сподели со своите пријатели

Почна втората фаза од проектот за регулација и уредување на речното корито на Липковка. Изведувачот ќе работи максимално, користејќи ги временските услови со цел работите да се одвиваат тековно, информира градоначалникот на општина Куманово Максим Димитриевски.

Првата фаза од регулација на речното корито на Липковка која заврши опфаќаше регулација на 400 метри, а во втората фаза се очекува регулација на коритото во урбаниот дел. Проектот го релизира општина Куманово со поддршка на УНДП, Министерството за животна средина и просторно планирање и Јапонската амбасада.

Со овој проект се очекува да се продлабочи коритото на Липковка и да се спречи излевање на реката и поплавување на имотот на граѓаните кои живеат долж речното корито.

– Апелирам до граѓаните да се воздржат од фрлање смет. Сведоци сме како поединци дека несовесни граѓани фрлаат смет и шут не само на дивите депонии, туку и во речното корито, изјави Димитриевски и истакна дека граѓаните кои ќе фрлаат смет ќе бидат санкционирани.

Тој потсети дека изминатиов период се расчистуваа и дивите депонии во Куманово и додаде оти беа ангажирани јавните претпријатија од градот.

Извор: МИА

Loading...