Почна отстранувањето на буквите од натписот на скопскиот аеродром

Сподели со своите пријатели

На скопскиот аеродром почна отстранувањето на буквите од натписот „Александар Велики“ кој стоеше на заградата на терминалот на аеродромот.

Со тоа, како што велат од ТАВ Македонија, концесионерот на македонските аеродроми, почна да се спроведува одлуката на Владата за преименување на аеродромот во Скопје. Од претпладнево се отстрануваат буквите на таблата на терминалната зграда од досегашното име Александар Велики, што се преименува во Меѓународен аеродром Скопје. На таблата ќе се изврши замена со букви за новото име.

Пред неколку дена почна остранувањето и на таблите со името на автопатот Александар Велики долж Коридорот 10 кои исто така со владината одука беше преименуван и го носи името пријателство. /МИА

Leave a Reply