Почина проповедникот кој го промени религискиот живот на Американците

Сподели со своите пријатели

Свештеникот Бил Грејем, кој со проповеди и активизам го промени религискиот живот на Американците, бил советник на претседателите и најпослушен христијански проповедник во историјата, а почина вчера во својата стота година од животот.

Според зборовите на протпаролот, Грејам долго боледувал од рак, восплаение на белите дробови и други болести, а починал во својот дом во Северна Каролина.

Грејам го изградил евангелизмот во сила која во САД станала ривал на либералниот протестантизам и католицизмот. Бил близак со претседателите Двајт Ајзенхауер и Џорџ Буш Помладиот.

Роналд Реган во 1983. година му доделил Претседателски медал за слобод,а што е најголмото цивилно признание во САД, а на отварањето на музејот и библиотеката со неговото име во 2007. година присуствувалеЏорџ Буш, Џими Картер и Бил Клинтон.

Неговите проповеди пристигнале до милиони луѓе преку неговото користење на телевизиски пренос, радио, колумни, филмови и слично.

Leave a Reply