Почина Баси – најстарата панда во светот

Сподели со своите пријатели

Најстарата панда во светот, 37-годишната Баси, почина, бојавија нејзините чувари во југоисточната покраина  Фуџоу, пренесува ВВС.

Баси достигна еквивалент од сто човечки години.

Големите панди во Кина се сметаат за симболи и многумина вложуваат во нивната заштита. Повеќе не се загрозени откако со децении се работи на зачувување на видот.

Баси името го добила по долината во која била спасена и живеела во прифатилиште од својата четврта или петта година од животот. Државната делетивијз во четврток во живот ја пренесе комеморацијата која била отворена за јавност.

Со тажно срце објавуваме дека големата панда и ѕвезда Баси почина во 08:50 часот на возраст од 37 години – рекол претставник на Истражувачкиот центар за панди во Фуџоу.

Пандата била инспирација за маскотата на првите Азиски игри одржани во 1990 година.

 

Loading...