Победете ги стомачните тегоби со физичка активност

Сподели со своите пријатели

Ако страдате од синдром на нервозни црева, што е чест дигестивен проблем предизвикан од психогени фактори, обидете се да се занимавате со умерена физичка активност (најмалку 20 минути, трипати неделно).

Што да јадеме за рамен стомак и добро расположение?

Loading...

Овој метод може да ги ублажи класичните симптоми на овој синдром: подуеност, грчеви и запек. Физичката активност го намалува стресот, кој е основен причинител на гастроинтестиналните проблеми, а освен тоа ја подобрува координацијата меѓу мозокот и цревата.

Лицата што страдаат од овој синдром треба да знаат дека неговите симптоми се влошуваат ако не се физички активни.