По пет децении мирување вулкан се заканува да го уништи туристичкиот рај (видео)

loading...

Властите на Бали наредија итна евакуација од местото близу вулканот кој би можел да еруптира прв пат по 50 години.

Исто така, бројни туристи се замолени да избегнуваат возење велоспиеди, кампување и планинарење во радиос од шест километри од планината Агунг. Од вулканот јасно се гледа чад, а земјата по малку се тресе, додека службите белат дека постојат индиции како магмата полека се движи.

Локалното население кое живее во подножјето на планината е евакуирано, според проценките 6.000 лица.

– Во тој радиус не смее да има никакви активности. Ерупцијата е очигледна, рекол Сутопо Пурво Нугрохо, директор на Службата за природни катастрофи

Некои жители на блиските места одбиле евакуација и тие во овој момент се најголемиот проблем на полицијата.

– Тука сум со својата сопруга. Мораме да се грижиме за своите животни и затоа не сакаме да заминеме, рекла Ваја Сурада за националната телевизија.

Индонезија има вкупно 130 кативни вулкани, повеќе од било која друга земја во светот.


© Крадењето авторски содржини е забрането со закон. Преземањето на текстови, изјави или фотографии во авторска сопственост на порталот Кумановски Муабети е дозволено делумно, со задолжителен хиперлинк до содржината која се пренесува.

Последни наслови

Facebook Comments