По Лабеништа, од ДУИ си заминува и Хазби Лика

Сподели со своите пријатели

Демократската Унија за интеграција, коалициски  владин партнер на ВМРО ДПМНЕ, за еден ден се соочи со две оставки на високи партиски функцинери.

Loading...

Имено, по оставката на заменик министерот за одбрана од ДУИ, Арбен Лабеништа, и генералниот секретар на партијата, Хазби Лика, поднесе оставка од функцијата. Сепак за разлика од Лабеништа, Лика останува член на централното претседателство на ДУИ.

„Освен чин на оставка од партиската функција, ова е и мој чин на протест против одредено однесување на партијата и солидарност со членовите на ДУИ“, пишува Лика во писмото до јавноста.

И тој како и Лабеништа набројува многу причини за своето повлекување, но најголемата е тоа што вели дека е апсолутно незадоволен од тоа како функционира партијата одвнатре, како се одржуваат и организираат внатрепартиските избори и како не се зема в предвид мислењето на членовите на ДУИ. Како последна капка во низата, Лика ја посочува состојбата со внатрепартиските избори во Струга, кои вели се воделе крајно нетранспарентно, пренесува 24 Вести.

„И покрај целиот мој труд, потребата од реформи не беше прифатена, и не се покажуваа знаци на подготвеност да се подобрат работите за во иднина. Имав верба дека како шеф на секретаријатот ќе можам полесно да им помогнам на членовите на партијата да им биде понудена можност да ги остварат своите права, но оваа функција се претвори во декор и како таква се уште ќе биде злоупотребена“, пишува Лика.

Оставките на Лика и на Лабеништа доаѓаат пред денешниот можен избор на Рамиз Мерко за претседател на општинската органзиација на ДУИ во Струга. Оттаму за состојбите во партијата се очекува пораки да прати лидерот на ДУИ, Али Ахмети.

Leave a Reply