По колку калории согоруваме со секојдневните активности?

Сподели со своите пријатели

За никого не е тајна дека активности како трчање, пливање, аеробик или танцување согоруваат калории и помагаат да ослабнеме.

Сте се запрашале ли сепак колку калории согоруваме додека ги извршуваме секојдневните активности, како седење, спиење, прошетка?

Исхрана

Елиминираме 18 калории, додека се храниме во тек на 10 минути. Така бавната исхрана се покажува корисна не само за варење, но исто така согорува и калории.

Седење

Без разлика дали гледаме телевизија, работиме на компјутер или читаме книга, додека седиме 10 минути, се согоруваат 11 калории.

Прошетка

Кога се шетаме дома, правејќи различни обврски, исто така се лишуваме од калории. За 10 минути губиме 36 калории.

Растегнување

Наместо постојано да се зјапа во мониторот на компјутерот, како кратка пауза можеме да направиме протегање зад бирото. На овој начин не само што се подобрува циркулацијата, но исто така се согоруваат и калории – 30 за 10 минути.

Спиење

Да, за време на спиењето, исто се согоруваат калории – околу 10 за 10 минути. Но пред да решиме дека треба да спиеме повеќе од препорачаните 8-9 часа, треба да се потсетиме и за негативните ефекти од прекумерен спиење врз здравјето.