По две децении згаснува весникот „Дневник“, заедно со него и неколку портали

Сподели со своите пријатели

Компанијата „Медиа Принг“ утре ќе го испечати последниот број на весникот „Дневник“, кој по 21 година заминува во историјата.

Новиот директор на компанијата, Александар Динев утринава ги известил вработените дека од утре добиваат одмор од 20 дена, а подоцна ќе се знае нивната судбина.

Заедно со еден од најдобрите весници згаснуваат и неделникот „Теа Модерна“. Весниците „Вест“ и „Утрински весник“ кои не се печатат еден месец, а функционираа како интернет портали исто така заминуваат во историјата, а заедно со нив и еден од подобрите интернет портали „Телеграф.мк“.

Причина е недостаток на финансиски средства и неодобрен кредит за продолжување на работата.