По 32 години постоње програмата „Paint“ заминува во историјата

Сподели со своите пријатели

„Мајкрософт“ подготвува ново ажурирање на Windows 10 системот под име Autumn Creators Update со многу нови опции. Меѓутоа, една од најдолговечките програми на оваа компанија ќе престане да постои – Microsoft Paint.

Прв пат е објавена со првата верзија на Windos 1.0 во 1985 година и беше една од првите графички едитори кои го користеа милиони луѓе ширум светот.

Во почетокот постоела како еднобитна црно-бела лиценцирана верзија, а дури со Windows 98 можеше да се прават слики и во JPEG форматот.

Со новата верзија на Windows 10 доаѓа Paint 3D, кој има и опции за креирање на 3D фотографии кои немаат ништо слично со старата програма.

Иако никогаш не бил посебно напреден, секогаш сте можеле да го искористите за да направите нешто набрзина, како што е некој принтскирн или слично.

Мајкрософт уште не потврдил дали ќе се реализира отстранувањето на оваа долговечна програма, но делува дека дефинитивно деновите и се избројани.

 

Loading...