По 15ти пат се одржа манифестацијата „Пивтијада“ во Куманово

Сподели со своите пријатели

Ресторанот „Грација“ беше домаќин на 15-то издание на гастрономската манифестација „Пивтијада 2017“, која се одржува во организација на Мултимедијален центар „Карпино“.

На манифестацијата беа присутни граѓанските организации, политички партии, како и градоначалникот на Општина Куманово кој заедно со Советот на општината се покровители на манифестацијата.

На сите присутни градоначалникот Зоран Дамјановски им го честита празникот и им посака здравје и среќа, заблагодарувајќи им се на оние кои учествуваат во организацијата на оваа манифестација – рече Дамјановски.

Активноста на Мултимедијалниот центар „Карпино“ кој е негувател на некои традиции од православието, а масовното присуство на граѓаните покажува дека православието е пред се – рече Дамјановски во своето обраќање.

Најубавата пивтија ја подготви 37-годишната Бетка Пешевска.

Првпат учествувам на манифестацијата. Нема посебен рецепт за пивтија, најбитно е убаво да се измие, да се вари неколку часа и убаво да се декорира, изјави Бетка Пешевска,  првонаградена на „Пивтијада“.

Кумството на манифестљацијата годинава ја презедоа членовите на мото клуб „Мечки“ кои очекуваат здарвје и среќа во претстојната година.

Организаторите истакнаа дека ова е најстарата ваква манифестација во Македонија, а а подготвени беа околу 200 порции пивтии, од кои дел ќе бидат подарени на Дневниот центар за лица со интелектуална попреченост „Порака наша“.