Пливачкиот клуб „Делфин“ врши упис на нови членови

Пливачкиот клуб „Делфин“ врши упис на нови членови

loading...

Со отворањето на затворениот базен и со формирањето  на пливачкиот клуб Делфин од Куманово децата и младите имаат можност правилно да го искористат своето слободно време и да се вклучат во спортот, во овој случај пливањето. Околу триесетина  пливачи и непливачи се зачлениле во клубот за само еден месец од неговото функционирање.

-Располагаме со четворица инструктори дипломирани на факултетот за физичка култура во Скопје. Работиме според програма за пливање која костурно е поткрепена со методската програма од факултетот  за физичка култура, спорт и здравје од Скопје.  Поделени сме во неколку групи, имаме една мала група на не пливачи кои работат со специјални помагала за непливачи, рекреативна група и група за пливачи. Најмладиот член на нашиот пливачки клуб моментално е шест години,  значи од 6 до 35 години се членовите на нашиот клуб. Имаме три термини за пливање, сабота и недела од 12,30 до 13,30, и во вторник во 20,30 до 21,30 часот, изјави Александар Спирковски, ПК „Делфин Куманово“

Стартот на пливачкиот клуб Делфин го поздравува и универзитетскиот професор Иван Анастасовски, кој посочува дека пливањето е превенција за одржување на здравјето, за правилен  психо-физички раст и развој на младата генерација  и иднина на спортското квалитетно живеење во нашата општина.

-Презадоволен сум затоа што ние денеска имаме можност особено младите генерации да ги користат благодетите кои ги дава пред се овој објект и водената средина која значи пред се здравје за генерациите . Од тој аспект мене ме радува што нашите студенти дипломирани веќе сами преземаат одредени иницијативи сфаќајќи ја потребата која се наметнува за младите луѓе , а и за сите генерации да живеат здраво, да спортуваат, да пливаат, а со тоа оформиле и свој пливачки клуб Делфин осознавајќи дека на некој начин ова е еден вид иднина на спортското квалитетно живеење во нашата општина, пливањето значи превенција за одржување на нашето здравје. Ние сме сведоци дека долги години наши основци и средношколци , љубители на пливачкиот спорт мораа да патуваат во Скопје за да ги користат овие благодети, денеска тоа го имаме кај нас . Само сакам да бидам  убеден дека менаџментот  на базенот ќе успее да се наметне да овде „врие“  од деца , младинци , но и возрасни категории кои би требало да ги користат благодетите  на водата и базенот , изјави проф.д-р Иван Анастасовски,  Факултет за физичко образование, спорт и здравје – Скопје

Од пливачкиот клуб Делфин Куманово ги повикуваат сите заинтересирани за пливање да им се обратат во термините за пливање на затворениот базен, во вторник, сабота и недела .


Loading...

Последни наслови

Facebook Comments