Пливачкиот клуб „Делфин“ со успешни резултати од меѓународниот пливачки митинг

Сподели со своите пријатели

Кумановскиот Пливачки клуб „Делфин“ викендов беше дел од меѓународниот пливачки митинг „Орион куп“ во организација на ватерплото клубот Орион, а кој се одржа на Олимпискиот базен во Скопје.

Вкупно 14 пливачи од „Делфин“ беа дел од митингот, но најуспешна беше Ангела Јордановска во дисциплината 50 метри слободен стил за жени, како и петто и седмо место во машката категорија.

Ние како нов клуб во регионот докажавме дека за кратко време можеме да бидеме конкуренти и на меѓународни пливачки митинзи, се со цел децата да стекнат нови искуства заради ширење на клубот а и добор презентирање на градот. единствено што сакаме да го задржиме е мотото на нашиот клуб,  тоа е добра организација , професионална работа на тренерите, задоволни родители и нормално здрави пливачи. Децата се пресреќни, мотивирани и нестрпливо го очекуваат наредниот пливачки митинг за кој официјално добивме покана во почетокот на месец јуни исто така на олимпискиот базен во скопје ќе се одржи и делфин клуб нормално ќе учествува со своите пливачи. децата ќе бидат од 1999 до најмалите од 6, 7 години. очекуваме  уште подобри резултати бидејќи сме малку поискусни, учествувавме на неколку пливачки митинзи – изјави Александар Сприковски, претседател на ПК „Делфин“.

Loading...

 

Дел од членовите пливањето го користат и од медицински цели по препорака на лекар, затоа што според Спирковски со овој спорт најдобро може да се корегираат и превенираат деформитетите.

Ние како клуб за дечињата со деформитети работиме по специјална индивидуална програма зависи од степенот и видот на деформитетите на членот, нормално форсираме вежбички за да се коригираат тие деформитети да не настанат поголеми последици. По завршувањето на учебната година ние како клуб за нашите членови се ангажиравме да водеме уште два часа на суво од областа на кинезитерапијата се со цел да се зголемат и подобрат ризиците од деформитети. Со децата ќе работи професионален физиотерапевт – додава Спирковски.

Тој воедно апелираше децата од најмала возраст да ги насочат кон спортување за да се намалат ризиците од појава на деформитети.