Пилотите на руските ловци ги ризикуваа животите за да го заштитат Путин (видео)

Сподели со своите пријатели

Рускиот претседател Владимир Путин на новинарите на годишната прес конференција им откри како е обезбедувана неговата неодамнешна посета на Сирија.

Тој рече дека пилоти на руските ловци ги ризикувале сопствените животи за да го заштита. Пи слтувањето, авионите летале под претседателскиот авион за да го прикријат неговиот топлински траг.

Ова е новата лимузина на Владимир Путин (фото)

Loading...

– Ги набљудував пилотите, тие момчиња. Тие не само што летаа покрај, туку при следувањето летаа и под авионот, рекол Путин.

Рускиот претстедател рекол дека овој маневар е многу опасен за пилотите на ловците, но сепак одлучиле да го обезбедат претседателскиот авион.

– Благодарен сум им и сакам тоа да го слушнат. Иако, не сум сигурен дека тоа е неопходно. Што се однесува до безбедноста за посетата на Сирија, ја вршеа и нашите војници на земјата, затоа што експертите знаат дека најопасниот момент на такви настани е слетување и полетувањето на авионот кој може да биде цел на преносен противовздушен ракетен комплекс, рекол Путин.