Петре Шилегов ќе ја води анкетната комисија за аферата “прислушување”

Сподели со своите пријатели

Со 81 гласа „за“, два „против“ и еден воздржан, Собранието ги изгласа претседателот, заменик-претседател и членовите на анкетната комисија за аферата со прислушувањето, јавува агенцијата МЕТА.

Loading...

Новоизбраната комисија ќе брои 16 членови, и тоа осум на предлог на ВМРО-ДПМНЕ, четворица од СДСМ, двајца од ДУИ, еден од ДПА и еден независен пратеник.

За претседател на анкетната комисија е избран пратеникот од СДСМ Петре Шилегов, а заменик-претседател ќе биде Горан Мисовски.

Останати членови на комисијата се: Антонио Милошоски, Силвана Бонева, Крсто Мукоски, Павле Саздов, Димитар Стевананџија, Лилјана Затуроска, Магдалена Манаскова, Владанка Авировиќ, Томислав Тунтев, Васко Ковачевски, Таљат Џафери, Ејуп Рустеми, Ернад Фејзула и Роза Топузова – Каревска како независен пратеник.

Анкетната комисија се  формира во согласност со Договорот од Пржино за надминување на политичката криза.