Пет тајни кои НАСА никако не сака да ги знаете (видео)

loading...

Теоретичарите на завери често шпекулираат за бројните тајни на НАСА во 60те години од нејзината историја, а ја обвинуваат агенцијата за раслични работи – од лажирано слетување на Месечината до прикривање докази за постоење на вонземскиот живот.

НАСА има тим на експерти и огромна ПР агенција која системски ги отфрла тие приказни како митови, но со текот на години се појавија бројни тајни и факти кои бараат одговор, ако не и објаснување.

 

Прекин на емитување во живо

Постои нешто многу сомнително во врска со НАСА што заинтригира голем број луѓе. Имено во октомври 2016 година НАСА одеднаш го прекина својот директен пренос , а пред да го направи тоа можеше да се види бизарно мистериозно суштество кое го сними сателитската камера.

Тоа беше доста необично. Иако НАСА објави фотографии, очигледно е дека потајно работи на нешто за што молчи пред светот. Кога се побарало објаснување, стигнал одговор дека станува збор за нормален метеор каков може да се види скоро секој ден, со тврдење дека нема ништо псоебно на таа снимка.

 

Избришани снимки од слетувањето на Месечината

Од денот на прикажување на слетувањето на Месечината во живо на телевизија, НАСА е обвинета за лажирање на целиот настан со низа аргументи. На снимката не се гледаат ѕвезди, знамето се виори и од каде на Месечината карба со буква „С“, како на Месечината сенките се со различна должина… како и низа други прашања кои се наметнаа.

Кога агенцијата во 2006 година призна дека не може да ги пронајде оргиналните снимки од тоа слетување од 1969 година, сомнежите дека се била една голема лага повторно се зголемија. НАСА сепак не отстапи од својата приказна, а подоцна од агенцијата објавија дека пронашле некои изгубени видео записи, но дека, поради човечка грешка и поради кратење на буџетот биле преснимувани.

 

Телескопот „Џејмс Веб“

Обичајот било кои суперсили да го финансираат истражувањето на вселената, дали тоа им се допаѓа или не, затоа што тоа е демонстрација на моќ, технологија и поволни финансии кои ја воздигнуваат над другите. Меѓутоа, изгледа дека таквите проекти не одат како по план, како ситуацијата со изградбатана телескопот „Џејмс Веб“, со кој се започна пред околу 20 години и кој требаше да биде подготвен за лансирање во 2007 година.

Меѓутоа, довршен е дури во 2017та. Проектот во почетокот требаше да чини половина милијарда долари, но на крајот чинеше 17 пати повеќе, нешто околу 8,8 милијарди. Сега, кога телескопот е подготвен, повторно сотанува прашањето колку време ќе промине пред неговото вистинско лансирање. Лансирањето, наводно е планирано за октомври 2018 година.

 

Нуклеарни тестирања на Месечината

Советите отсекогаш биле огромна конкуренција на Соединетите Американски Држави, а периодот на напнатост траеше долго време. САД се обидуваа да докажат супериорност не само во подрачјето на машинството туку и низ запознавање на другите вселенски тела и објекти.

Книжевникот кој работи на биографијата на Карл Саган во своето истражување наишол на неверојатни работи, како проектот А-119, кој, наводно, изгледал како план на САД, Месечината да биде претворена во место за тестирање на нуклеарно оружје. Дали нешто воопшто таму тестирале или не, не можеме да знаеме.

 

Операција „Спојувалка“

Втората светска војна бил голем предизвик за светот, но и за САД. Секој подобар познавач на историјата знае дека меѓународното однесување по Втората светска војна, благо речено, е матно. ЦИА во својата операција „Спојувалка“регрутирала најдобри нацистички умови. Целта била да се дојде до научници од поразената нацистичка Германија.

Тоа биле најголемите експерти од нацистичката воена индустрија, медицината и одделението за хемиско оружје. Претпоставката била дека ако не ги земат тие, ќе ги земат Русите. Скоро 1.600 талентирани и успшени нацистички научници, лекари и инжинери добиле визи, станале американски државјани и до крајот на животот таму удобно живееле.

Некои од научниците кои на тој начин биле регрутирани се ракетниот инжинер – Варнер фон Браун (вторен на познатиот нацистички далекуметражен проекти V-1 и V-2), како и Артур Рудолф, директно на концентрациски логор, каде 20.000 еврејски и полски работници починале од претепаување, глад и висење. Обајцата добиле америакнско државјанство.

Под водство на Варнер фон Браун во САД се изградени неколку нови типови на ракети – носачи за вселенски летови, а баш тој бил и главниот конструктор на „Сатурн 5“ ракетата користена во мисиите „Аполо“ за одење на Месечината со човечки екипаж.

Во Америка пристигнал и лекарот и познат медицински истражувач Хубертус Стругхолд. На Нирнбершкиот суд се извлекол без казна сведочејќи против своите колеги, а веќе во 1947 година бил префрлен во САД, каде по неколку години добил и американско државјанство.

За време на војната бил надлежен за обука на лекари кои изведувале експерименти над Евреите во Дахау. Во САД бил високо позициониран во американсото воено воздухопловство и во НАСА, каде изградил и научна кариера, а познат е како „татко на вселенската медицина“.


© Крадењето авторски содржини е забрането со закон. Преземањето на текстови, изјави или фотографии во авторска сопственост на порталот Кумановски Муабети е дозволено делумно, со задолжителен хиперлинк до содржината која се пренесува.

Последни наслови

Facebook Comments