Пет пожари за 24 часа активирани на подрачјето на Куманово

Сподели со своите пријатели

Како што информираат од Регионалниот центар за управување со кризи, во изминатите 24 часа, припадниците на Територијалната против пожарна единица бележат неколку интервенции на подрачјето на Куманово.

Loading...

Ноќта измеѓу петок и сабота, од 21:30 до полноќ пожарникарите интервенирале во селото Горно Којнаре на опожарена стрнишна површина од 6-7 хектари и мал дел од шумскиот појас. Во гаснењето биле ангажирани 2 цистерни и 8 пожарникари, а нема информации за настанатата материјална штета.

Интервенција е забележана во селото Никуштак на запалена сува трева, кога од 11:45 до 14:10 часот, четири пожарникари со едно ПП возило.

Поголем пожар пак е забележан во селото Пчиња на заплена сува трева и 100 опрлени тополи, од кои некои изгорени и 50%. Во периодот од 14:25 до 16:20 часот пожарот го гаснеле тројца пожарникари со едно против пожарно возило.

Во селото Черкезе била запалена сува трева, која била гаснета од 4 пожарникари и едно ПП возило од 17:25 до 17:55, а од 18:50 до 19:50 пожар бил гаснет во селото Ваксинце.