Пешак тешко повреден во сообраќајна незгода на ул. „11-ти Октомви“

Сподели со своите пријатели

Дваесет и седумгодишниот М.И. жител на селото Ваксинце се здобил со тешки телесни повреди откако во него удрило патничко моторно возило марка „З-750“ со кумановски регистарски ознаки управувано од педесетгодишниот З.Б. денес 45 минути по полноќ.

Жителот на Ваксинце како пешак бил удрен и со тешки телесни повреди од кумановската болница заврши на Клиничкиот центар во Скопје поради сериозноста на здобиените повреди.

Увид на лице место извршила екипа на Секторот за внатрешни работи Куманово и се преземаат сите мерки за расчистување на незгодата.

 

Loading...