Пешак тешко повреден во сообраќајка во Куманово

Сподели со своите пријатели

Вчера околу 18.00 часот на локалниот пат с. Режановце кон регионалниот пат Куманово – Липково се случила сообраќајна незгода во која Т.Р. (22) од Куманово, управувајќи патничко возило „Рено“ со кумановски регистарски ознаки, удрил во пешакот С.А. (48) од Куманово.

Како што информираат од Министерството за внатрешни работи, по незгодата Т.Р. со своето возило го пренел С.А. во болницата во Куманово каде му биле констатирани тешки телесни повреди. Поради сериозноста на повредите, С.А. бил пренесен во комплексот клиники „Мајка Тереза“ во Скопје.

Увид на местото на настанот извршила екипа од СВР Куманово.

Leave a Reply