Пешак од Куманово повреден во сообраќајна незгода

Сподели со своите пријатели

Вчера околу 13.30 часот во Скопје, пред главен влез на затвор „Идризово“, се случила сообраќајна незгода во која Б.Н. (23) од Скопје, управувајќи патничко возило „Цитроен“ со скопски регистарски ознаки, удрил во пешакот С.И. (55) од Куманово, информираат од Министерството за внатрешни работи.

По незгодата, пешакот бил пренесен во Ургентен центар Скопје, каде до страна на лекар му биле констатирани тешки телесни повреди и е задржан за понатамошно лекување.

Увид на местото на настанот извршила екипа на СВР Скопје.