Перез: Роналдо останува во Реал

loading...

Како што изјавил за шпанските медиуми претседателот на Реал Мадрид Флорентино Перез, првата звезда на неговиот клуб Кристијано Роналдо е лут и повреден за навредите кои стигнуваат на неговата адреса во врска со прекривање на данок , но покрај се тој останува во Реал.

Роналдо е во Шпанија оптужен дека прекрил данок во износ од 14,7 милиони евра,а на 31 јули е закажано и првото судење на оваа “тема”.

Во минатиот период се шпекулираше за новите клубови на Роналдо како што се ПСЖ и Манчестер Јунајтед  но претседателот Перез изјави дека тој нема да си замине да Реал.

Кристијано до 2021 година има договор до Реал. Знаеме дека им се жалел на колегите дека е лут, како и што е објавено и во португалските медиуми.Но јас сеуште намам разговано со него, а тоа ќе го направам кога ќе заврши Купот на конфедерациите.Роналдо е човек од интегритет и кој ги исполнува сите свои обврски.Разговарав со неговиот менаџер и сигурни сме дека тој ќе остане во Реал Мадрид – изјави Флорентино Перез.

Роналдно во 2009 година од Манчестер Јунајтер замина во Реал Мадрид, и за осум сезони два пати стана шампион на Шпанија, три пати ја освои Лига на Шампиони, но и два пати го освои Купот на кралевите и еднаш Суперкупот на Шпанија и еден Суперкуп на Европа.

Пишува: Стефан Младеновски


Loading...

Последни наслови

Facebook Comments