Пенс во Израел: Мировната мисија зависи од волјата на Палестинците

Сподели со своите пријатели

Американскиот потпретседател Мајк Пенс во Ерусалим рекол дека е време за долгоочекуваните блискоисточни мировни инцијативи и дека тоа зависи од враќањето на Палестинците во преговорите.

– Белата куќа работи со партнерите во регионот за да видат дали може да се направи работна рамка за мир, рекол Пенс за агенцијата Ројтерс.

Палестинците ја исклучија можноста Вашингтон да учествува како мировен посредник во разговорите, откако американскиот претседател Доналд Трамп на 6. декември го призна Ерусалим како престолнина на Израел.

Одлукат ана Трамп ги налути Палестинците и предизвика протести на Блискиот исток, а ја зголеми и загриженоста помеѓу западните земји дека одлуката може да го дестабилизира регионот.