Пчеларите предупредуваат: Поради ниски приноси ќе има фалсификат мед на пазарот (фото)

Сподели со своите пријатели

За 40 години колку што се занимава со пчеларство, Милорад Арсовски вели дека , оваа е најлоша година за мед. Приносите се минимални, а цената ке биде висока , велат пчеларите бидејќи побарувачката за мед е голема.

Потрошувачите на мед да купуваат само кристализиран мед и да се заштитат од фалсификат, бидејќи кризата со мед ќе резултира со правење на фалсификат мед – предупредува Арсовски.

14423869_1088087184572734_1235477524_o

Loading...

 

Горан Митевски, пчелар од селото Градиште, вели дека криза за мед ќе има на целиот Балкан, а веќе има и побарувачка од регионот .

Катастрофална година за мед, приносите се минимални, а криза за мед има низ целиот Балкан. Во Србија мед нема ни за лек. Пчелите се во добра кондиција, но климатските услови не дозволуваат да има приноси на мед. Имаше дожд и сонце, но во погрешно време, ноќите беа ладни, а пчелите преку ноќ го преработуваат медот – вели Митевски и додава дека големата побарувачка од регионот ќе ја покачи цената на медот.

14454103_1088087201239399_192050136_o

 

 На денови на медот годинава во Куманово поради криза со мед има многу помал број на изложувачи.

14455880_1088087097906076_1942228935_o