Патнички авион се урна во јужен Иран

Сподели со своите пријатели

Ирански патнички авион што летал на внатрешна линија, денеска се урна во јужниот дел на Иран, јави АФП.

Во авионот од типот АТР-72, кој летал на релација од Техеран кон југозападниот ирански град Јасуџ, се наоѓале 66 патници и членови на екипажот,

Леталото се урнало во планински регион на околу 480 километри јужно од Техеран.

Кон местото на несраќата се упатени спасувачки тимови.

Засега нема информации за причините за падот на авионот./МИА

Leave a Reply