Патиштата во Општина Куманово делумно проодни

Сподели со своите пријатели

Јавното претпријатие „Македонија-пат“ известува дека сите регионални патишта под нивна надлежност низ Општина Куманово се делумно проодни, стои во дневниот извештај од Регионалниот центар за управување со кризи.

Како што пишува во извештајот проодни се и градските патишта во Општина Куманово, а немало поплаки од граѓаните, освен во приградските и селски средини каде се уште има отсечени патни правци.

Се прават напори во текот на денот да заврши чистењето на Никуљски пат во населбата Карпош, а расчистени биле патните правци кон селата Пчиња и Студена Бара. Доколку се во можност од Општинскиот кризен штаб во текот на денот ќе биде организирано чистење на патиштата во селата од которскиот крај, односно Орашац, Кучкарево и Габреш, а Јавното претпријатие „Чистота и зеленило“ е вклучено во расчистувањето на градскиот плоштад, тротоарите и улиците низ градот.

Локалниот патен правец од село Винце кој гравитира према Горно и Долно Којнаре – скопско е расчистен и во моментот е прооден. Непрооден патот бил кон селото Брзак и тоа во должина од 3,5 километри, а од Општина Куманово се очекува до крајот на денот да биде испратена машина за расчистување на снегот.

Отежнато се одвива сообраќајот на патните правци кои гравитираат низ Општина Старо Нагоричане, каде скоро сите планински села се блокирани, а надлежните испратиле барање за интервенција на Дирекцијата за заштита и спасување.

Во текот на вчерашниот ден о страна на „Македонија пат“ бил исчистен локалниот патен правец од селото Жегљане до село Кокино. Како што додаваат од Регионалниот центар за управување со кризи, пробиен е и патот кон селото Младо Нагоричане во маалото Пилинац, а денес се планира расчистување на патот од селото Макреш до селото Бајловце, а снабдувањето со струја во селата е нормализирано.

Локалниот сообраќај во Општина Липково е нормализиран, а патните правци се проодни, но сообраќајот се одвива во тешки услови. Завеани и отсечени се селата Гошинце и РУница, каде патот е прооден само за тешки моторни возила. Како што додаваат од РЦУК најкритично е во селото Белановце каде поради наноси од снег патот е во прекин, а општината денес ќе се вклучи во расчистување на селото Гошинце.

Во текот на вчерашниот ден Општина Липково во соработка со екипите на Дирекцијата за заштита и спасување започнаа чистење на патниот правец Липково – Глажња – Гошинце.

Како што ингформираат од АМСМ, на патниот правец Прилеп – Витолиште сообраќајот е дозволен само за лесни возила, со задолжителна употреба на зимска опрема, а затворени за сообраќај се патиштата кон селата Герман, Гошинце и Алешевце.

Loading...

На планинскиот премин Плетвар и на патниот правец Маврово – Дебар сеуште важи забраната за движење на тешки товарни возила.

На планинските премини, повисоките и осојничави места поради ниски температури можна е појава на голомразица. Врнежи од слаб снег во раните утрински часови се бележат во Крива Паланка.

АМСМ препорачува исклучително внимателно возење, прилагодена брзина на движење и почитување на поставената сообраќајна сигнализација. Во клисурите и засеците можна е почеста појава на одрони, особено на патните правци: Кочани -Мак. Каменица – Делчево, Виница – Берово, Гостивар – Стража, Маврово – Дебар – Струга, Д. Капија – Удово, Катланово – Велес, Крушево – Демир Хисар и Ресен – Буково.