Партиите се договорија за локални избори во октомври

Сподели со своите пријатели

Падна договор помеѓу политичките партии на деншната координативна средба кај претседателот на Собранието, Талат Џафери. Локалните избори ќе се одржат во првата половина на октомври, а мандатот на советниците и градоначалниците ќе биде продолжен  се додека истите не бидат спроведени.

На лидерската средба не се појави ниту еден претставник од ВМРО-ДПМНЕ од каде го објкотираат Џафери како претседател на Собранието.

Партиите се договорија дека од исклучителен приоритет за Република Македонија е постигнувањето договор за донесување на Предлог-закон за изменување и дополнување на Изборниот законик со кој одржувањето на локалните избори ќе биде предвидено за првата половина во месец октомври, а мандатот на сегашните градоначалници и советници ќе биде продолжен до изборот на новите членови на советите и градоначалниците – пишува во соопштението од Собранието.

Џафери ги повикал партиите да направат пратенички групи кои се согласиле дека политичкиот дијалог мора да продолжи во Собранието на Република Македонија и дека сите политички субјекти треба да бидат одговорно пред граѓаните и да допринесат за продолжување на демократските процеси.

 

Loading...