Париз казни 1,142 клиенти на проститутки од 2016 година

Сподели со своите пријатели

Властите на Париз соопштија дека 1.142 клиенти на проститутките парично биле казнети во француската престолнина откако во април 2016 година стапи на сила законот кој забранува купување на сексот.

Овој закон се фокусира на казнувањето на клиентите, а со него е воведена казна во висина од 1.500 евра која може да достигне и износ од 3.750 евра доколку престапот се повтори.

Властите на реонот на Париз соопштуваат дека седум проститутки биле дел од процесот на излегување од проституција со помош на власта и организации кои се борат против трговијата со сексот, што е мерка која ја овозможува овој закон.

Проституцијата, инаку, во Франција е легална додека борделине, подводувањето и продажба на сексот на малолетници се незаконски.

Новиот закон е инспириран од шведскиот. Во таа земја слични мерки се усвоени од 1999 година.