Параноја или знаење: Челникот на „Фејсбук“ ги прикрива камерата и микрофонот на својот лап топ (фото)

Сподели со своите пријатели

Основачот и прв човек на „Фејсбук“, Марк Зукенберг случајно открива како ја штити својата приватност и тоа на начин својствен за обичните луѓе.

Имено, со фотографија која ја објавил во вторник, а која е замислена како дел од промоцијата на „Инстаграм“ и рушење на рекордот од половина милијарда корисници, Зукенберг открива како самолепливата лента е неговиот најдобар пријател – посебно кога треба да ги прекрие камерата и микрофонот.

Фотографијата открива дека на неговиот лап топ двата влезни портови се прекриени, што покажува дека и најбогатите не сакаат да ја ризикуваат безбедноста на своите уреди.

Ингормацијата за самолепливата лента доаѓа неколку седмици откако се хакирани неговите профили на социјалните мрежи, а истото фели дека го прави и директот на ФБИ, Џејмс Коми.

Дали станува збор за страв и параноичност, или сепак овие луѓе знаат дека некој постојано не надгледува преку нашите електронски уреди, останува енигма, но доколку сакате да ја заштитеи вашата приватноста еве одличен пример како да го сторите тоа.

 

Loading...