ПАНИКА СРЕДЕ ЛЕТ: 24-годишна девојка се заканила дека ќе ги убие сите (видео)

Сподели со своите пријатели

Валери Курбељо (24) уапсена е и затворена поради закана со смрт на летот за Сакраменто.

Таа запалила цигара во тоалетот на авионот додека тој бил некаде помеѓу Портланд и Сакраменто. Авио-компанијата соопштила дека тогаш се обидела да уништи детектор за чад.

ДРАМАТИЧНА СНИМКА: Гром удира во авион неколку моменти по полетувањето (видео)

Loading...

Кога персоналот ја предупредил дека пушењето во авионот е забранети и побарал таа да се врати на своето мест, Курбељо ја повлекла маската со кислерод над седиштето започнала хистерично да вика.

Еден од патниците го снимил целиот инцидент, а на снимката се гледа Курбељо која ги собира своите работи и вели: „се колнам, ако не слетата, ќе ги убијам сите во овој **** авион!“.

https://www.facebook.com/CBSNews/videos/10155303692595950/

Стјуардесата потоа се обиде да ја смири, но Курбељо ја отурна. Екипажот на крајот морал физички да ја совлада и така да ја држи до крајот ан летот кој траел уште 30 минути.

Курбељо е приведена веднаш по слетувањето во Сакраменто. Обвинета е за закани со смрт и затворена со кауција од 75.000 долари.

Што сè плаќате кога купувате авионски билет?

Новинар на CBS ја посетил во затворот за да ја праша зошто пушела во тоалетот и таа одговорила „поради страв“.

На прашањето зошто на патниците им се заканувала дека ќе ги убие, Курбељо рекла „Не знам. Тоа не сум била јас. Тоа не сум била јас“.