Овој зеленчук ја регулира тежината и крвниот притисок

Сподели со своите пријатели

Слатките компири не се само слатка алтернатива на обичните компири. Тие можат да помогнат во регулирањето на телесната тежина и крвниот притисок.

Дури отпадните вода од готвење на слатките компири би можела да се користи во регулирањето на телесната тежина и неутрализирање на наталожените маснотии. Ова го покажуваат податоците од неколку независни истражувања.

Слатките компири содржат исклучително хранливи и здрави состојки. Меѓу нив се витамините од групата Б, антиоксиданси, витамин А, витамин Ц, а тие даваат енергија и стимулирачки делуваат на новите крвни клетки.

Супстанциите во слатките компири се поврзуваат дури со превенцијата на различни видови на рак. Отпадната вода од слатките компири е многу богата не само на наведените супстанции, но и на скроб, која има силни ефекти при слабеењето и помага за забрзување на варењето и топењето на мастите.

Ова го утврдува истражувањето објавено во списанието Heliyon. Исто така тим од јапонски научници од Националната земјоделска истражувачка организација за храна спровела експерименти поврзани со отпадните води од слатките компири по варењето. Тие исто така ги потврдуваат позитивните ефекти на оваа вода, па дури и планираат развој на програма за вклучување во индустриски размери.

Според нив, влијанието против глобалното дебелината би било многу ефикасно. На глобално ниво се произведуваат повеќе од 100 милиони метрички тони слатки компири годишно. 90% од оваа реколта се одгледува во развиените земји.

Затоа планот би имал ефект, сметаат истражувачите. Слатките компири се многу погодни за изработка на различни индустриски храна како тестенини, бонбони, пектин, брашно и скроб. Резултатот од оваа индустрија, сепак е исфрлањето на отпадните води од обработката во океаните и реките.

Наместо природата да се става во ризик од оваа штетна практика, отпадните води од обработката би можеле да бидат филтрирани по специјални технологии и да се користиатза добивање на храна и пијалоци, помагаат во слабеењето.

Водата од слатките компири влијае на телесната тежина, го намалува масното ткиво и потенцијално го подобрува целокупниот здравствен статус, сметаат истражувачите. Експеримент со лабораториски глувци покажува дека водата од слатките компири драстично ги намалува холестеролот, триглицеридите и го поробрува процесот на хепаталната стеатоза само за еден месец. Ова има позитивни ефекти врз страдања како метаболен синдром, инсулинска резистенција на дијабетес тип.

Leave a Reply