13.01.2018 10:37

Овој град е престолнината на биткоинот, само еден човек тука дневно заработува 100.000 долари


Гратчето Веначи, источно од Сиетл во американската држава Вашингтон, станува единствено по тоа што се претвора во епицанетарот за рударење на биткоинот во САД.

Првата од двете основни причини поради кои овој град станал дом за десетици рудари на биткоин и другите криптовалути се ниските трошоци за струја.

Биткоин ќе расте до 60.000 долари, а што потоа?

Еден од првите рудари, Малачи Салсидо, раководи со трите значајни операции во оваа област, произведувајќи пет до седум биткоинит дневно, пишува CNBC. Едноставните пресметки, покажуваат дека, ако еден биткоин денес вреди 14.000 долари, а тој произведува седум, значи дека дневно заработува и до 98.000 долари. Освен тоа, Салсидо користи 7,5 мегавати енергија, што е доволно за напојување на 11.000 домови.

Како што вели, целта му е да произведува 50 биткоини дневно до јули, што би барало неверојатно 42 мегават часови енергија.

Струјата во оваа гратче е многу ефтина, два до три цента по киловат-час, а причината се браните на Колумбија со изобилство хидроелектрани. Затоа Малачи Салсидо живее во Веначи.

БИТКОИН: Ако во 2010 година вложевте 100 долари, денеска ќе имавте 250 милиони

Сепак и поракј ниските трошоци за струја, Салсидо вели дека месечните сметки му надминуваат 100.000 долари, но додава дека тоа сепак се исплати.

– Трагама за биткоинот затоа што оваа валута станува корисна за безготовинското плаќање, вистински електронски трансфер. Кога целосно ќе се развие, ќе може во значителна мерка да се тресе моментално постоечкиот пазар и ќе обезбеди нови можности за директно купување кое моментално не постои на денешниот пазар, заклучил Салсидо.

Но, не е само ниската температура она што го привлекува Салсидо да се занимава со рударење на биткоинот во оваа место. Ниските температури исто така помагаат серверите да бидат на соодветна температура, а има и одличен интернет, па најверојатно затоа бројката на оние кои се занимаваат со овој бизнис изнесува 75 и постојано расте.


© Крадењето авторски содржини е забрането со закон. Преземањето на текстови, изјави или фотографии во авторска сопственост на порталот Кумановски Муабети е дозволено делумно, со задолжителен хиперлинк до содржината која се пренесува.

Последни наслови

Facebook Comments