Овие жени доживуваат и до 60 оргазми во денот – СЕКОЈ ДЕН!

Сподели со своите пријатели

Супер – оргазмите не се однесуваат на неколку оргазми во еден сексуален однос, туку на десетици оргазми. Истражувачите следеле четири Британки и заклучиле зошто тие го можат тоа, а други жени не.

Дали супер – огазмот, односно можноста една жена да доживее неколку оргазми во една вечер, е мит или вистина? Ова било прашањето по кое се водел тимот на истражувачи во документарниот филм “The Super Orgasm”. Британски „Channel 4“ ќе го емитува на 13-ти април.

Тие следеле и истражувале пет различни жени кои доживуваат и до 60 оргазми дневно. Научниците со години се прашуваат како е тоа воопшто можно. Сега откриле како и тврдат дека е можно жената да доживее повеќе оргазми ако е опуштена, се занимава со јога, а нејзината врска со партнерот е многу силна.

Истражувањето ги негирало заклучоците на претходните студии дека супер – оргазмот е мит. Целта на истражувањето и на документарецот била да се провери дали овие жени се „поинакви“ од останатите или навистина секоја жена може да постигне супер – оргазам.

Се испоставило дека жените кои лесно доживуваат повеќе оргазми отпуштаат повеќе окситоцин (хормонот на љубов и зближување) отколку другите, а освен тоа, тие се отворени за нови искуства и луѓе и полесно се возбудуваат. Но, за разлика од повеќето жени, во ситуацијата кога телото се возбудува, нивниот мозок останува мирен низ целиот сексуален чин. Не се оптоваруваат и не размислуваат, особено не за тоа како да постигнат оргазам.

„Верувам дека жените кои полесно се возбудуваат од другите жени, побрзо и полесно се фокусираат на уживањето. Јас гледам на сексот како на свирење во бенд. Морате да го усовршите вашиот сексуален инструмент пред да почнете да свирите со другите. И на тоа мора да му посветите време“, заклучува доктор Лин Вајз во документарниот филм.

Една од учесничките, Даника од Сасекс во Англија, морала да се самозадоволува додека докторите и` ги мереле мозочните бранови. Таа вели дека никогаш не доживеала оргазам додека на интернет не нашла информации за тоа како да го доживее, по раѓањето на дете. Во документарецот покажала дека, кога била многу опуштена, можела да доживее повеќекратни оргазми.

„Мислам дека моето тело чекало прво да станам мајка, а дури потоа да доживеам супер – оргазам“, рекла Даника.

Натали (23) рекла дека понекогаш има до 60 оргазми во денот и верува дека тоа е затоа што е во моногамна врска и има поопуштен пристап кон сексот, пренесува „Mirror”. Истражувачите забележале дека најлесно се опушта кога гледа порнографија.

„Ако сум со пријател и веќе заедно сме играле во таа смисла и доста добро се познаваме, тогаш веројатно ќе имам 20 – 30 оргазми. Ако немаме многу време, веројатно ќе доживеам од 7 до 10. Ако сум сама, веројатно ќе ми здодее после 4 или 5 оргазми“, раскажала Натали.

Франциска (59) рекла дека клучот на нејзините многубројни оргазми е моногамијата.

„Тешко ми е да ги пребројам затоа што се последователни, не одат еден по еден. Не ги броиш кога водиш љубов со мажот кој го сакаш. Долго време не знаев дека тоа е ретка работа и дека не се сите жени така градени“; објаснила таа.