Овие работи ги плашат скоро сите мажи во креветот

Сподели со своите пријатели

Мислевте дека само вие сте преплашени во креветот? Дали ќе ви се види салото, целулитот и дали ќе успеете да го задоволите партнерот онака како тој очекува од вас и безброј други прашања.

Не, тоа не е својствено само за вас. И мажите имаат стравови, затоа постојат работи кои се случуваат за време на сексот, а кои на смрт можат да ги преплашат.

Седум работи кои НИКОГАШ не треба да ги правите во КРЕВЕТОТ!

Loading...

ЛАЖИРАЊЕ НА ОРГАЗМОТ

Една работа за која сите мажи се грижат е дали ќе уживате за време на вечерта. Тој сака да ве турне од работ и да ви подари оргазам, но исто така добро е упатен и во оние хорор приказни дека жените се подготвени да го лажираат тој момент само за да што побргу завршите. Ако баш и не успева да ја погоди одредената точка, не се воздржувајте тоа да му го кажите и да го упатите. Но, ако навистина уживате, покажете го тоа.

ОДГОВАРАЧКА ПОЗА И РИТАМ

Сигурно е дека ќе бара траги кои му ги оставате, по кои може да увиди дали ви одредена поза, брзина и ритам ви одговараат. Иако, не е реткост мажот да скрене од патот и набргу да го изгуби ритамот откако конечно го пронајде. Ставете му до знаење дека се забавувате, дека уживате или на крајот на краиштата, преземете контрола ако сакате да ги спречите последиците која огромната грижа може да ги остави како на сексот, така и на вашиот целокупен впечаток за мажот.

Пет работи кои мажите ги забележуваат кај жената во текот на првиот секс

СЕКС ОД ФИЛМСКОТО ПЛАТНО

Ова не може да се генерализира, но бидете убедени дека поголем дел од мажите се грижат за ова. Тој се прашува дали вашата сцена за време на сексот е како оние од романтичните филмови. Исто така, секогаш тука некаде постои грижа дали во однос на вас е грд, дебел или премногу слаб додека е интимен со вас. Иако, да не се лажеме и вие веројатно се грижите околу истата работа. Ако е така, избегнување или покривање на огледалото може да се покаже како корисно. на тој начин нема претерано да се грижите околу тоа, затоа што нема да бидете во можност да се видите себеси.

Што значи ако мажот не се бакнува за време на секс?

ДАЛИ КОНДОМОТ ЌЕ ПУКНЕ?

И за крај она стандардна теза, дали ви пукнал кондомот, поради што партнерите веднаш заминуваат во аптека по „таблета за ден потоа“. Тоа е најголемиот кошмат на сите мажи и жени. Самата идеја за кондомот кој пука претставува слика на бебе или полно-пренослива болест во главата. Во вакви ситуации и вие најверојатно паничите. Проблемот е во тоа што тој никогаш не може со сгиурност да утврди дали контомот пкнал. Чувството често знае да залажува. Ако ова е случајот, ќе се прашате дали треба да станете и тоа да му го кажете или да преземете поголем ризик и продолжите.