Овие близнаци се првите Биткоин милијардери

Сподели со своите пријатели

Близнаците Тајлер и Камерон Винклвос, кои го тужеле Марк Зукерберг дека им ја украл идејата за Фејсбук, сега имаат повеќе од милијарда долари во биткоин во кои пред четири години вложиле 11 милиони долари.

Доброто чувство за вложување и исклучителниот раст на вредноста на биткоинот овозможил браќата Винклвос да заработат милијарда долари.

БИТКОИН: Ако во 2010 година вложевте 100 долари, денеска ќе имавте 250 милиони

Loading...

Тарјлер и Камерон станале познати по тоа што Марк ЗУкерберг го тужеле дека од нив ја украл идејата за социјалната мрежа Фејсбук, а судот наредил Зукерберг да им исплати 65 милиони долари.

На таа тема во 2010 година е снимен и филм „Социјална мрежа“ (The Social Network) во режија на познатиот Дејвид Финчер.

Дел од тие пари, околу 11 милиони долари, во 2013 година ги вложиле во купување биткоини, што ги направи најголемите сопственици на биткоини на планетата – околу еден процент од вкупната количина на пазарот.

Ако Биткоин беше држава, тогаш таа ќе беше помеѓу најбогатите во светот

Нивното парче од колачот сега е вредно повеќе од милијарда долари, откако биткоинот надмина вредност од 10.000 , а сега се твргува со него за 11.000 долари.

Тајлер и Камерон досега не продале ниту еден биткоин, пренесува „Дејли Телеграф“.