Оваа земја планира забрана за автомобили на дизел и бензин

Сподели со своите пријатели

Откако официјалните власти на француската престолнина соопштија дека работат на изготвување на регулатива која до 2030 година ќе ги протера бензинците и дизел автомобилите од улиците на овој град, слични вести пристигнуваат и од земјата на лалињата.

Холандија планира да воведе сообраќај со нулта емисија на штетни гасови и тоа исто така до 2030 година. Властие во оваа земја планираат намалување на вкупната емисија на штетни гасови за скоро половина од актуелната количина, а поради тоа ќе воведат и нов порески систем кој дополнително ќе ги оптерети оние кои корситат „валкани“ извори на енергија.

За 10 години на улиците низ светот ќе има 10 милиони возила на Тесла

Loading...

Покрај тоа, холандските власти планираат и затворање на термоелектраните до 2030 година, како и дополнително вложување на околу 100 милиони евра во развивање на велосипедска инфраструктура во оваа земја.

Најпрвин, планот на Холандија бил да забрани дизел и бензин авомобили до 2025 година, но овој план очигледно бил преамбициозен, па рокот е поместен за пет години подоцна.