Ова се загинатите припадници на ЕСЗ Тигри во Куманово (фото)

Сподели со своите пријатели

На фан страната на ЕСЗ Тигри на социјалната мрежа Фејсбук, објавени се фотографии на загинатите припадници на полицијата кои загинаа во борбените дејства во Куманово.

Loading...

10702137_423297547832305_4347560874431208861_n

Шестмина од полицајците кои учествувале во акцијата биле ранети на исклучително подмолен начин. Како што изјави синоќа министерката за внатрешни работи Гордана Јанкулоска, откако добиле знаци дека дел од групата се предава, полицајците тргнале да им пристапат за апсење и за чистење на теренот – објави Дневник. Но, во тие моменти, остатокот од терористите кои се криеле зад групата што се предавала отвориле оган кон полицајците.

– Тоа покажува колку безмилосни и одлучни во своите намери се овие радикални структури, коментира Јанкулоска.

Според информациите, токму еден од загинатите полицајци кој подлегнал на повредите во болница, бил еден од овие шестмина ранети.

Во акцијата како што се дознава неофицијално има и ранети кумановци, припадници на Единиците за брзо распоредување.

Leave a Reply