Ова се најраспространетите митови за сексот

Сподели со своите пријатели

Веројатно повеќето од нас слушнале дека големината е важна и за време на секс жените не сакаат физичка интимност. Сексот сепак е многу повеќе од само еден оргазам. Ќе претставиме некои од најчестите митови поврзани со сексот.

Сексуалното задоволство е поврзано само со оргазмот

Сексуалното задоволство не е едноставно достигнувањето до кулминација. Да, оргазмот е потребен, но она што го правиме, за да се дојде до него, предиграта и самата пенетрација се најважни.

Големината има значење

Иако многумина сметаат дека овој е меѓу најважните фактори за задоволство за време на секс, тоа не е секогаш поврзано со големината. Позата и начинот на кој се движиме со партнерот ни се од фундаментално значење.

Всушност многу големиот пенис може да е причина за болка и непријатност за жената за време на секс.

Жените не се заинтересирани за физичка интимност

Жените го сакаат сето задоволство што доаѓа со физичката интимност точно толку колку и мажите. Ако партнерката е премногу срамежлива, важно е да ја натерате да се почувствува удобно, за да даде сто проценти од себе.

Кондомите можат да го уништат моментов

Треба да знаеме кој кондом го користиме. Постојат неколку видови на кондоми на пазарот, како и такви за поголемо задоволство.