Ова се најопасните градови за безбедноста на жените

Сподели со своите пријатели

Каиро е најопасната светска метропола за жените,д одека Лондон е најбезбеден судејќи според најновото истражување на фондацијата Томсон Ројтерс, кое има за цел да утврди безбедност на жите во градови со над 10 милиони жители.

Истражувањето опфатило 19 метрополи и се поставува прашањето за безбедноста на жената во него.

Главниот град на Египет, Каиро најлошо минал на испитувањето, а за жените подеднакво опасен е Карачи во Пакистан, Кинсаса во Демократската Република Конго, но и Њу Делхи во Индија.

– Се во Каиро е тешко за жените. Ве мачат од сите аспекти. Дури и во обична прошетка вие сте субект на сексуално вознемирување, било вербално или физичко, вели Омаима Абу Бакр, египетски новинар и активист за правата на жените.

Њу Делги и Сао Паоло се најопасни кога е во прашање силувањето на жени, а Владите на двете земји моментално работат на агресивни кампањи за заштита на жените.

– Дури и по групно силувањето кое се случи во Њу Делхи, во овој град се бележи проаст на сексуалното насислтво. Иако постојат мерки за одбрана на жените, тоа не е доволно. Силувачите знаат дека никој нема фа ги фати. Затоа мораме да вршимепритисок врз полицијата и судоите на адекватен начин да ги казнуваат сексуалните престапници, вели адвокатот Риши Кант, од хуманитарната организација која ги поддржава жените жртви на силување.

Истржувањето покажало дека Лондон е најебзбедниот град за жените, а зад него се Токио и Париз.