ОВА Е НАЈСТРАШНИОТ РУСКИ ЗАТВОР: условите брутални, како и затворениците (видео)

Сподели со своите пријатели

„Црн делфин“ е името на затворот кој многумина го сметаат за најстрашен во Русија.

Тој е еден од првите и најстари затвори во оваа земја кој во минатото се нарекувал Острог. Името „Црн делфин“ го добил по скулптурата од делфин која ја направиле самите затвореници, а се наоѓа пред зградата.

Од затворот на Путин со пет ѕвездички бекството е невозможно (фото+видео)

Loading...

Во овој затвор од 2000 година своја робија служат најголемите криминалци – осудени на доживотен затвор. Убијци, силувачи на деца, терористи, канибали, сериски убијци и т.н. „манијаци“ сместени се во зградата која се наоѓа на самата граница со Сибир.

Затворот има големи безбедносни мерки – кога доаѓате во него, затворениците добиваат превез преку очите за да не ја набљудуваат околината и планираат бегство. Исто така, при следењето на затворениците, тие мора да бидат ставени во стресна позиција. Тоа значи да бидат превиткани, од половината нагоре, додека чуварите им ги држат рацете со лисици зад грбот.

Кога е видите во каков луксуз живеат овие затвореници ќе сакате да им се придружите (видео)

Затворениците се под надзор 24 часа, а чувар прави обиколка на секои 15 минути. Изолирани се во ќелии кои имаат три челични врати и секој ден излегуваат само да вежбаат на 90 минути во кафезот. За тоа време чуварите им ги прегледуваат ќелиите.

Дозволено им е да користат само книги, весници и радио, а се хранат само со супа, четири пати дневно.

Покрај вратата на ќелијата стојат фотографии на затвореници, со сите нивни злосторства за да стражатите не паднат во искушение да им биде жал за некого.

ВО НАЈЛОШИОТ АМЕРИКАНСКИ ЗАТВОР: Тука човек зажали за воздухот што го дише (видео)

Овој затвор активистите за човекови права го опишуваат како концентрационен камп во светската војна.

https://www.facebook.com/inthenow/videos/928526097297760/