Ова е најстрашниот филм: Луѓето паѓаат во несвест во кино, повраќаат и бегаат (видео)

Сподели со своите пријатели

Францускиот филм ‘Grave’ за вегетаријанката која малку по малку почнува да јаде човечко месо и станува канибалка, првично беше преикажан на фестивалот во Кан, а од неодамна ги вознемири гледачите во САД и Канада.

Во тамошните кино сали тој се прикажува под насловот ’Raw’ (‘Сирово’), и веќе го бие лош глас дека предизвикува вистинско гадење кај публиката.

Првите проблеми со филмот настапиле на полноќното прикажување на фестивалот во Торонто. Неколку гледачи се онесвестиле поради глетките во кои главните ликови јадат човечко месо, па морала да интервенира и итната помош.

Киното „Нуат Театар“ во Лос Анџелес на посетителите на проекциите им понудиле и посебно изработени кеси за повраќање. Како што велат, било тоа добар потег зошто им требале на многу гледачи.

Loading...