Отворениот градски базен блесна и втората сезона (галерија+видео)

Сподели со своите пријатели

Отворениот градски базен во Куманово деновиве ги прими првите капачи во втората сезона од своето работење. Иако календарски летото се уште не е започнато, кумановци во голем број веќе го посетуваат комплексот каде наоѓаат спас од дневните високи температури.

 

Loading...

 

Денеска базенот го посети и градоначалникот на Општина Куманово Зоран Дамјановски кој истакна дека базенот е во одлична кондиција, а цените се исти како и минатите години, 150 денари е билетот за возрасните лица, за деца до 14 години е 75 денари, додека за дечињата до пет години кои се придружувани од родител билетот е бесплатен.

Мислам дека оваа година ќе има добра забава на базенот, еве преговараме со медиумите да се прават директни емисии од базенот, во доцните попладневни и вечерни часови има забава за младите, да се користи од јавен интерес за граѓаните и мислам дека ова е полн погодок инвестиција на локалната самоуправа и за отворениот и затворениот базен кои ги даваат очекуваните резултати. Се надевам дека оваа година граѓаните ќе бидат задоволни, многу години чекавме, имаме прекрасен објект, нека се живи и здрави нека се работи и очекувам успех, не во насока на финансиски бенефит, затоа што одржувањето на некој начин симболично ги покриваат картите,меѓутоа улогата е за рекреација и разладување на граѓаните во топлите летни услови ќе биде оправдано за град Куманово – изјави градоначалникот Дамјановски.

 

Надлежните се задоволни од интересот кој граѓаните го покажале минатата сезона, кога имало денови кога се продавале и по 500 влезници.

Овој базен има капацитет измеѓу 400 и 500 луѓе, бидејќи толку е обемот, толку е капацитетот на прочистување на водата, така да мислам дека тој лимит оваа година ќе биде горна граница, а комотно може да се капат измеѓу 350 и 400 луѓе – додава Дамјановски.

 

Минатата година во употреба беа пуштени отворнеиот и затворениот градски базен, нивната изградба траеше неколку години, но со единствена инвестиција на Општина Куманово која за оваа намена издвои околу 200 милиони денари.

 

Loading...

 

За капачите секогаш на располагање им се спасувачки тимови, водата редовно се контролира од инспекциски служби, а освен капење и сончање, граѓаните можат да уживаат и во ладни пијалоци и храна кои се нудат во комплексот.

 

 

 

Loading...

 

 

 

 

Loading...

 

 

 

Loading...

 

 

Loading...

 

 

 

Loading...

 

 

 

Loading...

 

 

Loading...

 

 

 

 

 

 

 

Loading...

 

 

Loading...

 

 

 

 

Loading...

 

 

 

 

Loading...