Отворен „Најбескорисниот аеродром во светот“: Вложиле 330 милиони, а не можело да се слета!

Сподели со своите пријатели

Авиокомпанијата „SA Erlink“ воведува лет од Јоханесбург кон зафрлен остров во јужниот дел од Атлантикот, до кој досега било можно да се пристигне само со брод. Се работи за островот Света Елена, кој е во британска сопственост, каде Наполеон Бонапарта ги поминал последните денови во егзил.

Летот од Јоханесбург до островот трае шест часа, вклучувајќи слетување во Виндхук, престолнината на Намибија.

 

Loading...

 

Новиот лет ќе значи престанок на бротскиот превоз кон островот, кој од Кејптаун, исто така во Јужна Африка, траел седум дена.

Меѓутоа, британските медиуми овој проект го нарекоа „најбескорисниот аеродром во светот“.

Монако, Ватикан… Што кога државата е премала за аеродром?

Имено, во него се вложени 330 милиони евра и требало да биде отворен уште во мај минатата година, но поради премногу силниот ветер кој константно дува преку пистата, патничките авиони не можеле да слетуваат безбедно.

 

 

По долги доработки и дополнителни испитување оваа лето, слетувањето на Света Елена конечно е прогласено за безбедно.

Авион на компанијата „SA Airlink“ со 78 патници денеска слетал на острово по летот кој траел шест часа и 15 минути.