Отстапувања на квалитетот на водата во кумановските села

Сподели со своите пријатели

Повремени отстапувања на квалитетот на водата за пиење во однос на бактериолошкиот состав во водоснабдителните системи во руралните средини од Куманово, покажуваат резултатите од испитувањата што ги спроведувааат надлежните екипи од кумановскиот Центар за јавно здравје.

Според специјалистот за хигиена од Центарот за јавно здравје, отстапувања во однос на бактериолошкиот квалитет се јавуваат  во селата Пчиња и Биљановце.

– Немаме некоја голема промена во однос на квалитетот на водата како и претходните години. Имаме извесен процент и на бактериолошки неисправни примероци на вода и во однос на хемискиот состав што се однесува до показателите во хемискиот состав доминираат остапувања во однос на содржината на нитратите што е и очекувано бидејќи се работи за рурално подрачје каде што имам контакт водата со земјоделските површини и оние исцедни води по дождови, снегови додека во однос на микробиолошкиот квалитет што претставува еден акутен ризик за населението кое што ги користи овие води е присуството на бактеријата ешерихија коли во сите примероци во кои се јавија отстапувања е докажно присуство на оваа бактерија.

Величковска истакна дека е особено загрижувачки фактот што бактеријата ја има и во примероци на вода земени од училишни објекти.

– Tоа е нешто алармантно што ја предизвикува локалната самоуправа за преземање на активности на тоа подрачје особено што новата национална стратегија за здравје 2020 ако е во согласност со европската рамковна политика за здравје и благостостојба на населнието и значи го потенцира и ги насочува активностите кои се однесуваат за здравјето и заштита на здравјето на населнието на активности коишто се преземаат во повеќе сектори. Токму во овој дел би требало да се вклучи локалната самоуправа секторот образование, животната средина и ние како центар за јавно здравје кој би дал насоки во однос на приоритети кои би требало да бидат преземени.

Бактеријата ешерихија коли обично се јавува како последица на нередовно чистење на резервоарите, непостоење на заштитни водоводни зони како и пристап на диви животни.  .